Почнува новата сезона на музичкото шоу „Ѕвезде Гранда“. Изгледа дека овој пат ке биде доста возбудливо судејќи по самото жири во шоуто. Снимањето на шоуто е веќе почнато и како членови на жирито се вбројуваат : Јелена Карлеуша, Ана Бекута, Драган Стојковиќ Босанац, Марија Шерифовиќ, Шабан Шаулиќ и како гостин во жирито е Аца Пејовиќ.
Не изненади присуството на Јелена во жирито, но она изјави дека ќе биде директна и праведна.
Изгледа дека српската пејачка сепак има малку трема, па откако испеа една песна за малку ќе паднеше пред своето столче.
Засега Јелена беше воодушевена од натпреварувачите и тие го добија нејзиното „да.“