Италијанските и шпанските медиуми ја прогласиле Фани Стипковиќ за најсекси новинарка во Европа.
Убава и се поуспешна хрватска новинарка Фани Стипковиќ која моментално се наоѓа на постдипломски студии на Мадисет во Мадрид, овие денови добила интересно признавање и титулата најсекси новинарка во Европа.
Така одлучиле шпанските и италијанските медиуми кои освен убвината и атрактивноста, ги истакнуваат и интересните репортажи и новинарските квалитетни креации на Фани.
Изборот се оддржал во пресрет на светското првенство во фудбал, кое ќе се оддржи годинава во Бразил. Така, шпанските медиуми ја споредиле со Сара Карбонеро, убава шпанска новинарка, која стана светски позната личност откога го родила син на Икер Касиљас, репрезентативец на шпанската репрезентација и играч во Реал Мадрид.
Фани Стипковиќ е во тек на постдипломски студии, а почнала да добива и работни ангажмани во Шпанија, па неодамна ја имала честа да биде водителка на голем хуманитарен натпревар на кој учествувале најпознатите шпански фудбалери.