Џејмс Бонд би му се изнарадувал, ама тешко дека МИ6 би можела да си го дозволи.
Најмалиот пиштол на светот е пократок и од чкорче, а неодамна беше продаден за нешто над 450 илјади долари. Долг е само 5.5 сантиметри, висок е 3.5 сантиметри, а е широк само еден сантиметар. Мини-револверот доаѓа во комплет со мини муниција и е максимално функционален.
И пиштолот, и куршумите за него се прогласени за најмали од својот тип, и тоа според Гинис. Можете да ги порачате од швајцарскиот 69-годишен уметник Пол Ерард – поранешен часовничар.
Пиштолот има моќ од 1 џул, што е една-десетина од моќта на просечната воздушна пушка. Потребни се 3 месеци за да биде изработен.
„Дизајниран е со идеја да преставува парче уметност, но луѓето сепак мораат да имаат дозвола за оружје за да го поседуваат“, објаснува авторот.
Ако ви е до тоа и ако порачате, Ерард може да ви изработи и целосно златна верзија. Тежината би била 19.8 грама, а секој еден грам ќе ве чини 22.5 илјади долари.