Ова е најголемиот фан на ДОКТОРИ

 

Најверниот и најгласен фан на „Доктори“ е убедливо братот на Урош, 10 годишниот Лука.

За време на X factor во студиото Лука бил најгласен, но и најомилен меѓу натпреварувачите и остатокот од публиката.

„ Лука го знаат сите, тој е сладок, но и многу гласен. Кога се слуша од публика „Доктори“ сите знаеме дека тоа е тој. Сите кандидати знаат колку е гласен, и бараат од него и нивните имиња да ги споменува“, вели Урош.

За време на рекламите , во текот на вчерашната емисија, Лука со своето навивање, заслужи повик на сцената, а кога дојде сите натпреварувачи се собраа околу него и го подигнаа во воздухот.

 

 

„ Сите ние го обожаваме малиот Лука, да не е тој ништо не би било исто. Остава огромен впечаток на сите нас“, вели Марко.

- Реклама -