Corning најпознатитот производител на заштитни стакла за смартфони и таблети ја прикажа својата развојна технологија и плановите за екраните од иднината кои ќе бидат отпорни на бактерии и нема да рефлектираат светлина. Овие иновации би требало да се најдат во мобилните уреди најрано во 2014 година.
Еден од најголемите проблеми на мобилните производители е што поевтините екрани имаат голема рефлексија на сончева светлина и се речиси неупотребливи на отворено. Дел од проблемот е и што екраните се слабо осветлени бидејќи повеќе светло ја троши батеријата на смартфонот. Corning има решение за тоа обезбедувајќи стакло кое има огромна транспарентност.
Ако ја погледнете оваа слика ќе помислите дека во стаклото има направено дупка, но тоа е всушност посебен дел кој е направен со најнова технологија и речиси нема никаква сончева рефлексија. Целта на Corning е да се зголеми нивото на транспарентоност на стаклото, а така ќе се заштеди и енергија за осветлување на екранот.
Многумина пак, не се ни свесни колку денешните смартфони се полни со бактерии. Причината за тоа се екраните на допир кои постојано ги користиме на нив се лепи се и сешто. Решението на Corning е нанесување на антибатериска материја која за два часа целосно ги убива сите штетни микроби. Во продолжение погледнете го ова футуристичко видео и визијата на Corning за модерната технологија на екраните.
[youtube]http://youtu.be/iR7wx132REQ[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk