Заработува милиони долари годишно… Холивуд се повеќе е заинтересиран за неа, а таа вели дека со години немала самодоверба.
Моделот Кара Делевињ наполни 23 години, а веќе е на врвот во светот како модел додека полека се пробива и како актерка.
Но, ако денес е една од најплатените модели во светот, порано не очекувала дека има било какви шанси да стигне до тука. Таа и самата изјави дека кога била мала личела на гремлин.
Кара откри дека никогаш не верувала во себе и искрено се грижела дека нејзиниот изглед ќе и биде препрека во кариерата.
„ Никогаш не сум помислила дека луѓето ќе посакаат да бидам модел. Изгледав како гремлин, не бев многу ибаво дете. Бев дива – повеќе момче, отколку девојче. Убавината не ми беше воопшто важна, а ни сега не ми е најважна“, се потсетува Кара на минатото.