Од вчера (12 јуни) започнa 4 неделна летна школа за дизајн и кодирање, под називот SEDC Summer Kingdom, во организација на Едукативниот и развоен центар на Seavus.
На отворениот промотивен ден, сите заинтересирани имаа можност првите предавања да ги посетат бесплатно, да се запознаат подетално со програмата, како и да разментат идеи со предавачите.
Покрај формалниот дел, во отворениот ден на SEDC Summer Kingdom, учесниците се запознаа меѓусебно, формираа работни групи и се забавуваа.
Во рамки на престојната летна школа, учесниците на SEDC Summer Kingdom покрај можноста да ги усовршат своите знаења, ќе добијат и можност да работат со врвни професионалци од индустријата и да создадат игри, апликации и решенија кои во иднина можат да им донесат големи придобивки.
Посебен интерес на отворениот ден, учесниците покажаа за Gameathon – от на 16ти jуни. Маратонот за создавање игри кој го носи слоганот: ,,Твојата омилена игра може да изгледа онака како што ти ќе ја замислиш,, во целост ги изедначува стремежите на гејмерите од Македонија со светските трендови во индустријата на игри.
Учесниците, покрај работилниците и предавањата, ќе имаат можност да го збогат своето знаење преку директни менторски средби со експертите од Seavus и FX3X.
Најавени се и работилници за Microsoft, Java, Embedded, Adobe, кариерно советување и останати предавања кои освен едукативен ќе имаат и забавен карактер. Заинтересираните за учество на настанот повеќе информации можат да најдат на: https://www.facebook.com/events/177190079112389/