Во денешниот свет на електронски гаџети, бројни фотографи прават проекти со цел да ја докажат отуѓеноста која ја имаме едни кон други, додека љубопитно зееме во нашите играчки.
Овој проблем го инспирирал и Ерик Пикерсгил – фотограф од Њујорк.
Еднаш седејќи во кафуле Ерик бил сведок на тажна семејна сцена: татко и две ќерки седеле на масата и гледале во своите телефони, додека тажната и осамена мајка погледнувала низ прозорецот. Потоа, Ерик одлучил јавно да го покрене прашањето за она што го видел и го создал својот фото-проект наречен «Отуѓени».