Томато продукција со стремеж постојано да се надградува и да биде во тек со најсовремената технологија, најави пренос на сите случувања во живо.
„Со голема гордост Ви најавуваме дека од сега сите концерти, спортки настани, јавни собири, случувања, емисии во живо и се останато може да се пренесува дирекно и преку најсовременото репортажно возило во Македонија“, велат од Томато продукција.
Возилото на Томато продукција е опремено со најсовремената опрема која пренесува сигнал со висок квалитет.Сето ова придружено со HD опрема за снимање и студиото кое го поседува обезбедува визуелен сигнал по светски стандарди.