Отсега Gmail ќе може да се користи и офлајн (видео)

Повеќе.. Една од долгоочекуваните карактеристики на Gmail – офлајн поддршката сега е достапна во тест верзија. Со други зборови, сега можете да користите Gmail без интернет конекција.

Една од долгоочекуваните карактеристики на Gmail – офлајн поддршката сега е достапна во тест верзија. Со други зборови, сега можете да користите Gmail без интернет конекција.

Офлајн поддршката е овозможена од Google Gear, кое ќе биде потребно да го даунлоадирате со цел да ја користите оваа карактеристика на Gmail. Еве како функционира истата: кога ќе се исклучи интернет конекцијата, Gmail автоматски се вклучува во офлајн верзијата и ги искористува податоците зачувани на хард дискот од  вашиот компјутер. Во овој случај можете да ги читате добиените пораки, да ги обележувате и се друго што можете да го правите со вашата пошта онлајн.

Кога инернет конекцијата повторно ќе се воспостави, пораките што сте ги испратиле додека сте биле офлајн ќе бидат доставени. Исто така, постои опција и за слаба интернет конекција, што ја овозможува комуникацијата преку Gmail и во такви услови. Како и другите експериментални опции од Gmail, офлајн е-поштата во моментов е достапна преку Labs, односно може да се најде кога ќе кликнете на табот „Settings“.

{youtube}cOAZaIaeIrI&eurl{/youtube}

- Реклама -