Отпуштен зашто ја читал Mein Kampf на работа

Локален службеник во Берлин кркнал отказ откако е откриено дека на работа го читал изворното издание на „Mein Kampf“ („Мојата борба“) на Хитлер.

Книгата, која во Германија е забранета, службеникот го читал во собата за одмор во текот на работното време. Во книгата, како што веќе знаете, Хитлер ја изнесува својата расистичка идеологија и посебно антисемитизмот.

Службеникот ја тужел државата Берлин (да, Берлин е и една од 16-те составни држави на Германија) со образложение дека пред отказот прво требало да добие опомена, но судот одлучил дека отказот е законит. „Во случај на таков тежок прекршок“ работодавачот не е законски обврзан да даде опомена пред отказот и има право да го отпушти вработениот по кратка постапка, објаснил судијата.

„Вработениот работи во униформа која ја претставува државата Берлин и со тоа е должен во секое време да се држи до начелата на слободниот демократски устав“.

Со јавното изложување на свастиката, која како нацистички симбол е забранета со германскиот устав, а се наоѓа на корицата на книгата, службеникот автоматски се одрекол од правото да добие опомена наместо директен отказ, додава судијата.

Отпуштениот го нема ни правото да се жали на повисока судска инстанца.

- Реклама -