Сопствениците на кучиња и мачки знаат колку големо задоволство претставува кога ќе ги облечат своите миленичиња во модерни парчиња облека. Фотографот од Барселона, Јаго Партал, инспириран од идејата за модерни животни, создаде една необична галерија на која можеме да ги видиме жителите на „зоолошкото царство“ дотерани во најмодерна гардероба.