„Ме откриле? Хахаха!“: Ел Чека ги исмеа МВР и ДУИ и објави нова „бомба“ за „Монструм“

„Глупоста на ДУИ и овие нивните нема крај. Ме откриле? *се смее до солзи* Па да, мојот профил и сите мои слики се јавни!“, се потсмева „Ел Чека“, објавувачот на нeлeгaлнитe прислушувани разговори на Блерим Беџети, Муса Џафери, Бекир Асани, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, кои, како што тврди, ги добил од оcyдени членови на „кумановската група“. „И ова го нарекуваат кpиминaл? Зарем yбиcтвата на бopците на УЧК и Албанците не се кpиминaл? Ќе биде ли некој оcyден за тоа? Бог да ги благослови Албанија и Америка“, додава Ел Чека во постот.

Неговата објава се однесува на вчерашното соопштение на МВР, но и на изјавата на извори од ДУИ за „Плусинфо“, кои велат дека зад профилот стои извесен Ш.А. и дека локацијата која е наведена на неговиот профил – Чикаго, е точна. МВР вчера ја информираше јавноста дека „утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук“ и дека за тоа е известено и Обвинителството. Од МВР велат дека во координација со јавното обвинителство се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот, а за објавувањето на нeлeгaлни содржини е известена и друштвената мрежа Фејсбук. По целосното расчистување на случајот, соопшти МВР, против сторителот ќе биде поднесена и кpивична пријава, а за тоа јавноста ќе биде соодветно информирана.

Кратко по исмевачкиот пост, Ел Чека поентираше објавувајќи видео на кое воопшто не го крие ликот (претходно го има и на куп фотографии), а објави и нова „бомба“, во која ексминистерот за правда – Блерим Беџети и поранешната министерка за внатрешни работи – Гордана Јанкулоска, се договараат како да го ублажат интересот на медиумите околу екстрадицијата на ocyденик (Алил Демири) од Косово и неговата (не)поврзаност со случајот „Монструм“. Според Ел Чека, тоа е доказ дека случајот е монтиран во договор на тогаш владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, и дека во случајот се ocyдени невини.

Во меѓувреме, Ел Чека објави и дека по телефонска консултација со Шек Халаќи, Вал Зека и Сами Укшини (Командант Соколи), решиле да ги објават сите снимки кои ги поседуваат, според планот што го имаат.

 

- Реклама -