Открила нов недостаток на своето тело: Ким повторно ќе легне под нож

Мислевме дека на Ким не и е останал дел од телото, што не бил „фатен” од пластичен хирург. Излегува дека, сепак, риалити ѕвездата не завршила сосема со пластичните интервенции.

Ким планира да направи зафат на рацете, со што ќе го тргне вишокот на кожа, која според неа виси околу нејзините пазуви.

kim-kardashian-flabby-05

 

Според нас најлесниот начин е да прави лесни вежби со тегови, но …

„Таа никогаш не е задоволна од изгледот на нејзините раце и сака да се подложи на операција, за да го отстрани вишокот на кожа од нив” – сподели близок до семејството Кардашијан за списанието OK.

Брахиопластика е хируршка интервенција за исправување на кожата и поткожното ткиво на рацете, мислите ли дека Ким има потреба од тоа?

- Реклама -