Открил викингшко богатство вредно 2 милиони фунти, црквата го тужи и му бара пола

Шкотската црква покрена тужба и го бара „својот дел“ од викингшкото богатство во вредност од 2 милиони фунти што трагач го најде на имот во нејзина сопственост.

Интересно е што наоѓачот – Шкотланѓанецот Дерек МекЛенан, претходно побарал и добил дозвола од црквата со детектор за метал да пребарува на нејзиниот имот. Според шкотските закони, за најденото богатство му следува исплата само на пронаоѓачот, што е различно од остатокот од Велика Британија, каде наградата се дели со сопственикот на земјиштето, пишува The Independent.

Сепак, шкотската црква тврди дека МекЛенан потпишал и пишан договор, во кој стои дека половина од вредноста на евентуалното откритие ќе ѝ исплати на црквата.

„Да, можеме да потврдиме дека шкотската црква покрена тужба против Дерек МекЛенан. Бидејќи предметот е на суд, не би било соодветно во овој момент да даваме било какви понатамошни информации“, потврди претставник на црквата.

- Реклама -