Откријте го полот на детето без ултразвук

Што може да биде позабавно во текот на бременоста од откривањето на полот на бебето? Повеќе од стотина децении полот се откривал на начини што сега ни изгледаат невообичаени.

Момче

Сте немале проблеми со утрински мачнини во раната бременост.

Отчукувањата на срцето на бебето се помали од 140 отчукувања во минута.

Вишокот на килограми се собрал на предната страна.

Стомакот изгледа како кошаркарска топка.

Ареолите се значајно потемни

Стомакот е спуштен

Имате потреба од солена храна

Конзумирате протеини – месо и сирење

Стапалата ви се често ладни

Рацете ви се често суви

Влакната на нозете ви растат побрзо

Бременоста прави да изгледате подобро од било кога.

Урината е посветла.

Ви се шири носот.

Често патите од главоболка.

Девојче

Патите од утрински мачнини веќе во раната бременост.

Отчукувањата на срцето на бебето се најмалку 140 во минута.

Се дебелеете и во колковите.

Левата дојка е поголема од десната.

Косата има црвен отсјај.

Стомакот е високо…

И изгледа како лубеница.

Сакате слатки

Јадете многу овошје.

Пиете сок од портокали.

Често го менувате расположението.

Склони сте на акни.

Градите ви се отечени.

Урината ви е во темно жолта боја.

Во разговор со колегите дознавме едно интересно народно верување кое вреди да се сподели. Имено, ова се однесува на оние кои се околу бремената жена. Без таа да забележи треба да и посипете малку сол на главата. Доколку таа се почеша по нос тоа значи дека носи девојче, доколку не – момче!

Пријатна забава 🙂

- Реклама -