Откриено зошто некои пушачи доживуваат стота, иако пушењето го скратува животот

Контра на аргументите на научниците дека пушењето го скратува животот, многумина изрично одговараат дека знаат некој кој пушел цел живот, а доживеал 100 години.

Затоа, експертите на оваа тема одлучија да ги проучат пушачите што не умираат млади и утврдиле дека сите тие имаат нешто заедничко.

Небројни научни студии, медиумски натписи и секојдневни приказни на пушачи предупредуваат на тоа дека пушењето ризикува прерана смрт.

Но, зависноста често е посилна, а и примерите на пушачи кои доживуваат длабока страрост ги охрабрува другите дека можеби не е сè толку црно.

cigari

Американските научници дојдоа до заклучок дека на пушачите кои живеат долго, заеднички им се гените на долговечност, кои им овозможуваат да бидат отпорни на штетни материи од цигарите, но и сите загадувања околу нас. Сопствениците на генот на долговечност имаат 11 проценти помали шанси да заболат од некој вид рак.

„Кај пушачите кои доживуваат длабока старост, откриена е низа на генетски маркери кои се исти како оние кај лицата кои доживуваат длабока старост, а не се пушачи. Тие гени функционираат така што поттикнуваат брзо заздравување на ќелиите и се заслужни за нивната отпорност на низа штетни дејствија, на кои што се луѓето изложени – како што е пушењето“ – изјави научничката Морган Левин од Универзитет во Калифорнија.

Светската здравствена организација тврди дека денес половина пушачи умираат како последица на штетната навика, а се работи за околу шест милиони луѓе.

Пушењето според нив се смета за „Најголема епидемија со која светот е соочен до сега“.

- Реклама -