Откриено злато кое буквално расте на дрва

Една од омилените реченици на секој родител – “Парите не растат на дрво” штотуку стана сосема неважна реченица и реченица која го изгуби своето значење, благодарение на фасцинантното откритие од страна на научниците во Австралија. Имено, истражувачите откриле злато – да, вистинско злато кое расте на дрвата!

Тимот неодамна истражувал на подрачјето на сувото и јаловото земјиште кое се наоѓа на територијата на т.н. Златни Полиња односно, Goldfields-Esperance регионот во Западна Австралија, истражувајќи што се наоѓа под земјиштето на овие полиња. Самата област го има заслужено своите име, но златните депозити не можеле никако да бидат најдени. Токму затоа истражувачите одлучиле да истражат на најневеројатните места- на дрвата.

download

Еукалиптус дрвата во овој регион се познати по својата издржливост и отпорност и по нивните корења кои е невозможно да ги пронајдете бидејќи се наоѓаат навистина длабоко во почвата. Оттука е мислењето дека златото кое е најдено на сите еукалиптус дрва потекнува и од длабочината на почвата и така стигнува до гранките и лисјата на дрвото.

Како што претпоставуваат истражувачите- ” Златото е најверојатно токсично за растенијата и дрвата воопшто, па токму затоа започнува да се движи кон нивните екстремитети како што се лисјата или се движи кон поверојатни области како ќелиите на дрвата со цел да се редуцира биохемиската реакција”.

 

ku-xlarge

Ако помисливте да се спакувате и да отидете кај роднините во Австралија за да исечете неколку златни еукалиптус дрва, да ве прекинам во фантазирањето од старт, бидејќи никогаш нема да се збогатите на овој начин. Секое дрво содржи мала количина на злато- 46 делови во билион, односно ви требаат илјадници исечени дрва само за еден венчален прстен.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -