Откриено тајно богатство во заборавен стан во Париз

Мадам Де Флориен го напуштила својот стан во Париз во 1942 година во екот на втората светска војна, по што побегнала во јужниот дел на Франција. Иако до крајот на својот живот таа плаќала кирија, никогаш не се решила повторно да се врати во старото живеалиште, кое повеќе од 70 години било затворено.

Така, 120 квадратниот луксузен стан во центарот на Париз, со децении бил оставен во заборав, се до смртта на неговата сопственичка.

Во 2010 година, станот бил конечно отворен, и во него, освен купот стара прашина и мирисот на влага, експертите препознале вистинско уметничко богатство.

Имено, освен амбиентот кој дава чувство дека се наоѓате во времето на 1900 година, биле пронајдени бројни уметнички дела, меѓу кои и една слика од Џовани Болдини чија вредност била проценета на 300.000 евра, но поради огромниот интерес, истата на аукцијата била продадена за 2.000.000 евра.

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста

Погледнете што се криело зад вратите кои биле затворени повеќе од 70 години:

visitez-un-tresor-parisien-fige-dans-le-temps-depuis-1942-2 visitez-un-tresor-parisien-fige-dans-le-temps-depuis-1942-31 239451-original1-lw4c0-680x1024 CORRECTION-FRANCE-ART-AUCTIONS decouvrez-lincroyable-appartement-parisien-de-madame-de-florian-laisse-inoccupe-pendant-70-ans1 decouvrez-lincroyable-appartement-parisien-de-madame-de-florian-laisse-inoccupe-pendant-70-ans2[youtube]http://youtu.be/IdjKO_v59xs[/youtube]

- Реклама -