Откриено која храна го решава најлошиот мамурлак

Мамурлакот по бурната ноќ најдобро се решава со супа со говедско месо и фиде.

Веќе долго време супата Yak-a-mein е позната како единствен лек против мамурлак во Њу Орлеанс, а некои ја нарекуваат и супа за трезнење.

Постојат неколку рецепти за оваа супа, а главните состојки потсетуваат на азиската кујна: говедско месо, соја сос, фиде, пилешко или шкампи, лук и рендано варено јајце.

Thai juha

Професорката Алисон Мичел од Универзитетот Калифорнија заклучува дека оваа супа има совршен спој на соли, протеини, јаглени хидрати и микронутриенти кои може да помогнат против главоболката предизвикана од мамурлакот.

Јајцата содржат аминокиселини, а солот ги надополнува натриумот и калиумот во организмот.

Витаминот Б го наоѓаме во местото и рибата, а помага во борбата против глутаратите кои предизвикуваат главоболка по опијанувањето. До мамурлак доаѓа и кога во крвта влегува етанол од алкохолот и се јавува дехидрација во организмот.

Прочитајте и:  Намирници со висока содржина на шеќер и сол што треба да се избегнуваат
- Реклама -