Популарниот хрватски пејач Борис Новковиќ во емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“ открил која била девојката од познатата песна „Kuda idu izgubljene devojke“.
Како гостин во емисијата, Новковиќ објаснил дека Тамара од песната „Kuda idu izgubljene devojke“ всушност била девојка за која пател негов пријател. Пејачот исто така отркил дека на почетокот на кариерата му било тешко да пишува текстови и дека музиката му била приоритет.
„Се потсетивме на еден пријател кој беше навистина луд за една Тамара. Тој правеше секакви работи за неа. Падна од мотор поради неа, падна на училиште, и на крајот ништо не му помогна“, завршил пејачот и навел дека знае каде е сега Тамара и дека има три деца.
Подеталното објаснување за песната погледнете го во видеото подолу: