Елен Деџенерeс ќе биде водителка на 86-тите награди “Оскар”, кои ќе се одржат на 2 март 2014. Во официјалното соопштение Елен споделува: „Многу сум возбудена дека ќе ги водам Оскарите за втор пат. Знаете како велат – „the third time’s the charm”.
Актерката Ен Хатавеј ќе биде една од презентаторките на церемонијата на доделување на наградите. 33-годишната актерка која ја водеше церемонијата заедно со Џејмс Франко во 2011 година, повторно ќе се врати со слична задача.
Бринетата, заработи “Оскар” за “Најдобра споредна женска улога” минатата година за улогата на Фантин во „Клетници” , па ќе им се приклучи на другите двајца презентери – Џенифер Лоренс и Даниел Деј-Лeвис .