Секој пат сѐ поголем спектакл: Откриени скиците за новото шоу на Victoria’s Secret

Познатиот бренд за долна облека веќе објави и кои „ангели“ ќе ја имаат честа да учествуваат на овогодишното шоу, а објави и скици за неколку раскошни костими.

Една од ретките ревии на која и се радуваат и мажите и жените секако дека е онаа на брендот Victoria’s Secret што ќе се одржи на 10 декември во Њујорк.

victorias-secret-fashion-show

Славниот бренд објави кои манекенки ќе ја имаат честа да носат негови костими оваа година, а на листата се добро познатите Адриана Лима, Алесандра Амбросио, Лили Олдриџ, Кендис Свонепул, Линдзи Елингсон, Карли Клос, Доутцен Корс и Бехати Прислу. Како што објави Vogue на овие девојки ќе им се придружат и некои славни девојки, но имињата се уште не се објавени.

Покрај листата на манекенки, Victoria’s Secret објави и скици од неколку раскошни костими! Погледнете ги

SkicaVS02 SkicaVS03 thumbnail

- Реклама -