Колку пати сте купиле магичен производ кој ќе ги отстрани вишокот на килограми и магично ќе ги стопи?Иако повеќето од нас се свесни дека „без мака, нема наука“ , со лажните фотографии од „Пред и потоа“ кои ни ги сервираат, лесно им се препуштаме на лажните надежи.
Во ТВ емисијата „Today Show” која се прикажува на каналот NBC во САД, разоткрија како големите компании за слабеење не лажат.
Фотографиите „Пред и потоа“ во најголем број на случаи се направени во Фотошоп или се украдени.
Новинарите пронашле реклама за чај, во која се вели дека со негова помош можат да се загубат 30 калории. Меѓутоа, откриено дека жената (Брук) навистина ги загубила калориите, но не со помош на чајот.
„ Не, никогаш не сум чула за него“, вели таа за NBC, додавајќи дека била прилично шокирана кога видела своја слика на таа реклама.
Нејзините фотографии едноставно компанијата ги украла од блог на кој што таа самата ги „закачила“. Брук ослабнала 30 кг за една година со помош на строг режим за вежби, трчање и правилна исхрана.
Не е дека откриле „Топла вода“, но се работи за интересна аргументација во видеото кое можете да го погледнете.