И додека жените се оптоваруваат дали нивниот задник е премногу голем, бројни познати ѕвезди благодарение на своите облини и добро заработуваат. Сега се објавени и нивните вистински мерки!
Секој ден привлекуваат внимание со своите бијни и заоблени тела, но како тие всушност изгледаат во реалноста? DailyMail направиле листа од познати ѕвезди чии бујни задници им донеле милионски добивки.
Прва на листата е моделот, забавувачката и риалити ѕвездата Коко Остин, која се фали со својот голем задник за кој тврди дека е „100 проценти вистински“. Обемот на половината е само 58,4 сантиметри, додека обемот на колковите е 101,6см.
Следна е раперката Ники Минаж. „Луѓето сакаат да зборуваат за мојот задник. Едноставно е така“, рекла Минаж чии мерки се следниве: половината е 66см, а колковите дури 114см.
Следи австралиската раперка Иги Азелеа, а најголем фан на нејзиниот задник е нејзиниот дечко, кошаркарот Ник Јанг. Обемот на половината изнесува 58,4см, додека обемот на колковите е 93,9см.
Листата на најбујни онлини не може да помине без реалити ѕвездата Ким Кардашиан која најави дури и ренгенска снимка за да докаже дека нема импланти во нејзиниот задник. Нејзиниот вереник Канје Вест дури има изјавено дека „ќе го натопи нејзиниот задник во злато“. Нејзините вистински мерки изнесуваат 66см во половината и 101см во колковите.
Секако и Бијонсе се најде на оваа листа, но изненадно таа ги има истите пропорции како и Ким Кардашиан, но изглеаат многу подобро на неа, веројатно поради висината.
Џенифер Лопез дури и стана препознатлива по нејзиниот заоблен задник, а нејзините мерки се нешто помали од на Бијонсе и Ким. Половина 62см, а колкови 98см.
Ријана пак, иако е потенка во половината (60см), нејзиниот задник добро заоблен со мерка од 80см.