Oткриени се остатоци од најмалата ѕвезда во вселената

Астрономи открија траги од можеби најстарата ѕвезда во универзумот.

Нејзините останки биле пронајдени, вградени во телото на друго небеско тело во ореолот на Млечниот пат, пишува научното списание Science.

Научниците сметаат дека првите ѕвезди биле стотици пати поголеми од Сонцето, но засега оваа претпоставка не е докажана.

„Нашето откритие е доказ за постоењето на џиновски ѕвезди. Тие имале огромно влијание врз формирањето на други ѕвезди и галаксии во универзумот”, објасни еден од авторите на студијата Вако Аоки од Националната астрономска опсерваторија на Јапонија. Остатоците на небесното тело се лоцирани на илјадници светлосни години од Земјата, а биле откриени со помош на телескопот „Субару”.

Отворената ѕвезда има необичен хемиски состав и токму од него научниците ќе можат да дознаат повеќе за факторите кои што довеле до формирање на небесното тело. Според научниците ѕвездата е стара околу 13 милијарди години, додека Биг Бенгот во случил пред 13,8 милијарди години, по кој универзумот започнал да се шири.

Прочитајте и:  Меѓународната вселенска станица ќе биде урната во Точката Немо во Тихиот океан во 2030 година
- Реклама -