На 21 јуни во арената „ Филип Втори“ во Скопје, ќе се одржи очекуваниот концерт на Жељко Јоксимовиќ, а денеска официјално беа откриени имињата на гостите.
Даниел Кајмакоски, Жељко Самарџиќ, „Рибља чорба“ иГаро и браќата Тавитјан ќе бидат дел од атмосферата во Скопје, во организација на „План Б продукција“.
Продукцијата најави и откривање на имињата на уште неколку музички гости и рекорден број публика.
Влезниците се уште се пуштени во продажба, а чинат од 250 до 400 денари.
Обезбеден е и ВИП-простор за кој е потребна резервација.