Откриени детали за луксузната свадба на Николина Пишек

На свадбата освен бизнисмени од Хрватска и Србија, присуствувале и богаташи од светот, а на сите гости младенците им платиле апартмани.

„Имаше 60 луѓе. На менито имаше морски плодови, најдобрата риба, сирења, а се пиеја најскапите вина. Кога келнерот со сметката отиде кај кумот Милан, тој ноншалантно плати се“, открил извор за спрскиот магазин Курир.

Nikolina i Vidoje

На Николина Пишек и Видоје Ристовиќ, кои во вторникот правеа свабда во Монте Карло, кумови им беа Снежана Мехун Галековиќ и еден од најбогатите Срби, Милан Беко.

Според Курир, Беко една вечер пред свадбата во познатиот ресторан Cipriani платил вечера од вртоглави 37 000 евра.

„Кумата на Николина, Хрватската Снежана Мехун Галековиќ, не беше толку дарежлива, но блексаше во виолетовиот фустан“, пишува Курир.

На свадбата освен бизнисмени од Хрватска и Србија, присуствувале и богаташи од светот. На сите гости им биле платени апартмани, а Видоје на сите им обезбедил приватен лет од Белград до Монте Карло од каде што до хотелот биле превезени со луксузни автомобили.

- Реклама -