Досега ни беа признати само шест основни емоции – среќен, тажен, исплашен, лут, изненаден и згрозен. Овие емотивни категории се поврзани со фацијалните мускули кои човекот ги користи за да се изрази.
Според научниците од Универзитетот во Охајо, сепак не можеме целосно да ја рабереме целата палета на духот, ако не ги проучиме подетално изразите кои нашиот мозок спонтано ги отсликува на лицето.
Затоа, експертите класифицираат уште 15 категории, кои се мешавина од познатите емоции. Така се добиваат состојби како „среќно изненаден” и „исплашено изненаден” па дури и „среќно згаден”.
Бидејќи гримасите на лицето изразуваат исти чувства на ист начин речиси насекаде во светот, експертите се надеваат дека истражувањата во оваа област ќе помогнат за разоткривање на мистериозниот човечки мозок, кој се уште крие бројни тајни.