Откриена жаба голема колку зрно грашок

Повеќе...Иако многу често знаеме да ги занемариме најстините жители на оваа планета, тим истражувачи го направи токму спротивното. Имено, тие открија нов вид жаба, која е најмала откриена до сега – голема е колку зрно грашок.

Иако многу често знаеме да ги занемариме најситните жители на оваа планета, тим истражувачи го направи токму спротивното. Имено, тие открија нов вид жаба, која е најмала откриена до сега – голема е колку зрно грашок.

Една од најмалите жаби на светот беше забележана на плантажите во малезиските дождовни шуми на Борнео. Новиот вид беше претставен во средата, но жабата се криела во плантажата повеќе од еден век.

borneo-tiny-pea-sized-frog-penny_25009_600x450

„Видов неколку примероци во музејските колекции кои се стари повеќе од 100 години“, вели ко-откривачот Индранеил Дас. „Научниците претпоставуваа дека тие се младенчиња на други видови, но излезе дека се возрасни примероци на ново откриени микровидови“

borneo-tiny-pea-sized-frog-tadpole-ruler_25011_600x450

Машки претставник на овој нов вид, кој е наречен Microhyla nepenthicola, е голем колку зрно грашок. Поради нивната големина тие тешко се забележуваат, но за среќа на научниците, имаат многу силен крик. „Често сме сведоци на тоа мали жаби да прават силен звук“, вели Робин Мур, херпетологист кој беше вклучен во истражувањето. Мур е главен на проектот кој се обидува повторно да открие стотици видови на „изгубени“ амфибии кои биле прогласени за исчезнати во последнава деценија. Дас наскоро ќе му се придружи на Мур во Индонезија за да ја бараат Sambas жабата, која последен пат е видена во 1950.

borneo-tiny-pea-sized-frog-tadpoles-pitcher-plant_25012_600x450

Новиот вид на микро жаби името го добила по растението која таа го јаде, Nepenthes ampullaria, кое расте во темни шуми. Наутро, мажјаците се собираат околу растението и им пеат „љубовна песна“ на женките која може да трае и неколку часа. Крекањето на жабата беше пресуден за научниците да дознаат дека се работи за сосема нов вид, а не за младенче од некој веќе откриен вид. Тоа е бидејќи само возрасните жаби можат да крекаат. [Pea-Size Frog Found]

- Реклама -