Северина секојдневно со вежбање води грижа за своето здравје.
Одржувањето на добра форма и грижата за сопственото здравје, се секојдневие со кое се среќаваат многу ѕвезди ширум светот. Не е изненадувачки тоа што Северина како најголема пејачка ѕвезда на Балканот, секојдневно води грижа за своето тело и сака секогаш да биде физички подготвена за своите бројни обврски.
Колку е успешна во својата долгогодишна грижа за сопственото здравје и на кој начин ги апсолвирала сите елементи на вежбањето, покажуваат и фотографиите на кои Северина без никакви проблеми изведува најтешки вежби како стој на глава, мост, но и низа други елементи што доаѓаат како логичен редослед на долгогодишната посветеност на вежбање и грижа за сопственото тело.
Покрај здравото вежбање, Северина внимава и на внесувањето на доволно количество на течности во организмот, како во текот на вежбањето, така и во извршувањето на други бројни работни обврски.