Откриена риба што може со месеци да живее на дрво

killifishdm1710Научниците открија риба на суво, т.е. нов вид риба која може со месеци да ја напушти водата и да живее на дрво.


Научниците открија риба на суво, т.е. нов вид риба која може со месеци да ја напушти водата и да живее на дрво.

killifishdm1710_468x378

Ова го објави британскиот весник „Дејли меил“, напоменувајќи дека со самиот факт на откривање е демантиран еден од основните факти во живиот свет – дека рибите живеат во вода, а птиците на дрва.

Рибата со латинско име Rivulus marmoratus Poey има уште една карактеристика – бесполно размножување.

Овој тип риба е откриен во делови од Флорида, Латинска Америка и Карипскиот басен.

Научниците откриле дека тајната на овие риби-птици е во нивната зачудувачка способност за измена на метаболизмот, во зависност од средината каде што моментално се наоѓаат.

Кога се во вода, нивните жабри делуваат како и кај сите други риби, додека кога се на суво, тие се трансформираат во еден вид резервоари кои задржуваат вода, а азотот се изменува преку кожата. виа.

- Реклама -