Учениците денеска се пуштени на домашно лекување, а тројца од нив се задржани на дополнителни анализи.
Вчера 10-на ученици од економското училиште „Арсени Јовков“ беа итно пренесени во болница, откако се пожалиле на печење на очите и грлото, проследено со кашлање и главоболка.
Откако сфатиле дека се работи за труење, вработените веднаш повикале итна помош и полиција.
Несреќниот случај настанал како последица од вдишување на непозната материја.
По разговорите се утврдило дека две непознати лица испрскале спреј и побегнале. Се очекува МВР да ги соопшти деталите, а лекарите од Токсикологија- анализите што се правата на Институтот за судска медицина.