Откриена правоаголна галаксија

галаксијаАстрономи отркриле ретка правоаголна галаксија. Тимот составен од научници од Австралија, Германија, Швајцарија и Финска го открил чудниот феномен во група од 250 галаксии кои се одалечени околу 70 милиони светлосни години.


„Во универзумот повеќето галаксии се делат на една од три форми -сфероидна, диск и неправилна“ изјавил Алистер Греам, професор од Свинбурн Универзитетот за Технологија во Австралија. Тој додал дека ретката правоаголна галаксија е многу необична појава. Тој додал: „Ова е една од оние работи кои ве тераат да се насмеете зашто не би требало да постои, или поточно, вие не очекувате да постои.“ 

„Како Кривата Кула во Пиза или откритието на некој егзотичен нов животински вид кој на прв поглед се спротиви на законите на природата.“ Галаксијата со необичен облик била откриена во широкопојасна слика направена со јапонскиот Субару Телескоп за потребите на астрофизичарот доктор Ли Спитлер од Свинбурн кој барал нешто сосема друго. Но астрономите се сомневаат дека галаксијата всушност не е правоаголна.

Тие веруваат дека би можела да изгледа како здебелен диск гледан од страна, како кус цилиндар. „Една можност е дека галаксијата била оформена со судир на две спирални галаксии“ рекол професор Данкан Форбс еден од авторите на истражувањето. „Додека старите ѕвезди од двете галаксии биле расфрлани во големи орбити со што бил создаден необичниот облик а гасот бил повлечен во центарот каде што формирал нови ѕвезди.“ [Astronomers find rare rectangular galaxy]

- Реклама -