Откриена праисториска виагра која може да го продолжи животот

Повеќе... Подгответе се за вечен живот и подобар секс: руските научници проучувајќи остатоци од мамути во Сибир открија непозната бактерија чија DNK во досегашните лабараториски испитувања се покажала дека го продолжува животниот век на лабараториските глувци помеѓу другите работи.

mammoth.jpgПодгответе се за вечен живот и подобар секс: руските научници проучувајќи остатоци од мамути во Сибир открија непозната бактерија чија DNK во досегашните лабараториски испитувања се покажала дека го продолжува животниот век на лабараториските глувци помеѓу другите работи.

Според професорот Anatoli Broushkov нивните испитувања покажале дека едноставните организми како мушичките и глувците живееле подолго откако биле вакцинирани со екстракт од оваа античка бактерија. И не само тоа: оваа супер бактериска вакцина ги зголемила менталната будност, физичките способности и сексуалната активност кај глувците од двата пола. Женките глувци имале потомок на многу поодмината возраст одошто е вообичаено, еквавалентна на човечка 70-годишна возраст.

Бактеријата била откриена сè уште живеејќи во близина на смрзнатите мамути и праисториските носорози, кои Јапонските и Руските научници ги проучуваат со цел да откријат како преку клонирање повторно да ги вратат во живот. Тимот научници сè уште не потврдува дека ова би можело да биде тајната на вечниот живот, но речиси е сигурно дека оваа бактерија може да го продолжи животот за десет години. Резултатите се толку добри што веќе го привлекоа вниманието на инвесторите. [‘Pre-historic Viagra’ found in Siberian mammoth DNA could boost your sex life and let you live longer]

- Реклама -