Претседателот на Sony
Computer Entertainment France и воедно потпретседател на Sony Computer
Entertainment Europe, Џорџ Форнај, во интервју за едно француско радио
ја откри цената за најновата конзола на Sony – PlayStation 3.
Претседателот на Sony Computer Entertainment France и воедно потпретседател на Sony Computer Entertainment Europe, Џорџ Форнај, во интервју за едно француско радио ја откри цената за најновата конзола на Sony – PlayStation 3.
Тој за радиото France's Europe 1 изјави дека цената на PlayStation 3 на европскиот пазар ќе се движи од €499 до €599. Форнај призна дека можеби цената во моментот е висока, но нагласи дека не би требало да се гледа како премногу скапа, со оглед на тоа што конзолата ќе има подршка и за Blu-ray филмови. Според Форнај, се очекува таа да пристигне на пазарот во Ноември оваа година.
Споредувајќи се со конкуренцијата, Xbox чини €399, а се очекува Microsoft годинава да понуди и две нови конзоли по цена од $399 и $299. Тука е и конзолата на Nintendo, кој ќе го изложи својот Revolution за помалку од $300.
Гледано од аспект на гејмерите, најбитната работа се ефтините игри и нивната атрактивност, а тука колачот може да освои Nintendo поради својата пазарна стратегија.