Астрономите откриле планета прекриеана со вода која е околу двојно поголема од Земјата и на која една година трае 18 часа. 55 Cancri E орбитира најблиску до својата ѕвезда, 55 Cancri A, која се наоѓа на околу 40 светлосни години од Земјата. Сега тим од Универзитетот од Лиеж во Белгија открил дополнителни детали за планетата по завршување на нова студија.
Тимот предводен од Мајкл Гијон ја набљудувале планетата користејќи ги и вселеснкиот телескоп Спицер на NASA и канадскиот MOST вселенски телексоп. Употребата на телескопите е значајна бидејќи астрономите можеле да ја анализираат количината на светлина која планетата ја болокира од нејзината ѕвезда додека минува пред неа. Ова им овозможило да го измерат радиусот на планетата и утврдиле дека тој е двапати поголем од Земјата. Откритието му овозможило на Гијон и неговиот тим да заклучи дека иако планетата е карпеста, нејзината големина значи дека е преголема да биде составена само од карпи.
Астрономите заклучиле дека 55 Cancri E би морала да содржи соединенија со ниска точка на вриење во кората на планетата, соединенија како вода, азот и јаглерод диоксид. Присуството на овие соединенија придонело кон тоа групата да истражува две можни решенија. Првото било дека атмосферата била составена од водород и хелиум, слично како атмосферата на џиновите од мраз како Јупитер или Сатурн. Но ова решение било отфрлено бидејќи таквата атмосфера би била загубена во вселената за само неколку милиони години.
Па наместо тоа заклучиле дека околу карпестата планета има длабок слој од вода кој е одговорен за околу 20 проценти од масата на планетата. Колку за контраст водата на Земјата е одговорна за само 0,023 проценти од масата на нашата планета. Но водениот свет 55 Cancri E не би изгледал ништо како оној замислен во филмот со Кевин Костнер од 1995. Поради близината до нејзината ѕвезда, водата би била во состојба каде што течната и агрегатната состојба би се споиле во една.
Планетата исто така би можела да биде заробена во гравитацијата на ѕвездата, што значи дека едната страна е константно изложена на светлина а спротивната е во вечен мрак. Ѕвездата, 55 Cancri A е видлива со голо око во соѕвездието Рак. Ѕвездата е необична во тоа што е само една од неколку кои имаат минимум пет планети. Најблиската до ѕвездата е 55 Cancri Е која била откриена во 2004 година. [Planet where year lasts just 18 hours is found to be waterworld twice the size of Earth]