Откриен рецептот на Coca-Cola

Кока КолаСостојките на пијалакот, измислен од фармацевтот Џон Пембертон во 1886 година, отсекогаш биле мистерија. Но, Thisamericanlife.org тврди дека открил список на кој се наведени состојките и точните мерки во фотографија од статија во весник.

Во изданието на Atlanta Journal-Constitution од 8 февруари 1979 година има фотографија во која некој држи отворена книга со рецепт за кој тој тврди дека е идентичен со оној на Пембертон. Рецептот наводно ги содржи точните мерки за различните масла кои ја сочунуваат тајната состојка на Coca-Cola, Merchandise 7X. И покрај тоа што оваа состојка е само еден процент од вкупната формула, таа најверојатно му го дава карактеристичниот вкус на пијалакот.

Официјалниот рецепт наводно е под дваесет и четири часовна стража во сеф во Атланта, Џорџија. „Тајниот рецепт“:

Течен екстракт од Кока 11 милилитри
Лимонска киселина 88,7 милилитри
Кофеин 29,5 милилитри
Шеќер 30 (мерката не е читлива)
Вода 9,4 литри
Сок од зелен лимон 0,9 литри
Ванила 28,3 грама
Карамела 42,5 грама или повеќе за боја
7X вкус (употреби 56,6 грама вкус за секои 18,9 литри сируп):

7Х вкус:
Алкохол 236,5 милилитри
Масло oд портокал 1980 микролитри
Масло од лимон 2970 микролитри
Mасло од морско оревче 990 микролитри
Масло од коријандер 495 микролитри
Масло од нероли 990 микролитри
Масло од цимет 990 микролитри

[Coca Cola recipe ‘discovered’]

- Реклама -