Во јавноста е откриен првиот патент од кој се гледа дизајнот на претстојниот паметен часовник на Nokia која ќе се вклучи во оваа се поатрактивна категорија на мобили уреди.
Според шематскиот приказ на патентот кој Nokia и официјално го поднесе на одобрување може да се забележи многу пософистициран уред од паметниот часовник на Samsung Galaxy Gear. Од сликата како што може и сами да видите најверојатно уредот ќе има повеќе екрани кои ќе се преклопуваат.
Се работи за часовник кој повеќе личи на алка која се намотува околу зглобот со различни додатоци кои би активирале повеќе функции и апликации. Ќе биде интересно да се види како овој изум ќе се вклопи во плановите на Microsoft кој ја превзема Nokia и дали ќе го искористат овој патент за производство на нивниот прв смарт часовник како заеднички уред.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk