Откриен нов вид гуштери со двоен пенис

lizard_1610845cВо шумите на густо населениот филипински остров Лузон беше откриен нов вид гуштер со големина од речиси два метри.


Во шумите на густо населениот филипински остров Лузон беше откриен нов вид гуштер со големина од речиси два метри.

article-1264010-090662E8000005DC-300_634x360

Ова откритие научниците го опишаа како „неочекувано изненадување“, заради урбанизраноста на подрачјето каде беше откриен, како и заради тоа што на островот поголем дел од шумата е исечена. Она што е необично е откривањето на релативно големо животно во едно такво опкружување.

Овој вид (Varanus bitatawa) ограничен е на централниот и северниот дел на шумите во планинскиот ланец Сиена Мадре, каде биолозите спроведоа релативно малку истражувања за рептилите и водоземците. Генетските тестови открија дека се работи за поинаков вид од блискиот сродник  – монитор гуштерот, кој е географски одвоен од новоткриениот вид гуштери со три речни долини.

Гуштерот има уникатна шара и необична сексуална анатомија. Кожата му е со сино-црна боја со точки,  додека опашката е со црно-зелена шара. Мажјаците имаат двоен пенис, кој уште се нарекува и хемипенис, а може да се најде и кај некои змии и гуштери. Дватa пениса се користат неизменично, а понекогаш имаат и мали кукачки кои на мажјакот му помагаат да се стабилизира за време на парењето.

Истражувачите сугерираат дека станува збор за таинствен вид кој никогаш не ја напушта шумата и избегнува отворен простор. Тие додаваат дека гуштерот, кој ја карактеризира неоткриената природа на Филипините, би можел да стане заштитен знак за заштита на останатите шуми во овој регион. [Giant fruit-eating lizard species that lives in trees discovered in Philippines]

- Реклама -