Палеонтолозите сметаат дека откриле фосили на најголемиот диносаурус кој живеел на Земјата , објави Би-Би-Си.
Коските на праисторискиот гигант се откриени во Аргентина. Тој бил долг 40 метри, висок 20 и тежел 77 тони – колку 14 африкански слона.
Докторот Диего Пол објаснува на кој начин била пресметана тежината на диносаурусот.
„За да се пресмета телесната маса, колку тежел тој, треба да ја имаме големината на обиколката на рамената коска – од рамото до лактот, и коските од колкот до коленото. Овие коски ја одржуваат целата телесна тежина”, вели тој.
Според научниците огромните тревопасни животни ги населиле земјите на денешна Патагонија пред околу 100 милиони години на крајот на периодот Креда.
Неговите коски биле откриени случајно од локален земјоделец.