Откриен идентитетот на девојката од шокантното видео!

Откриен е идентитетот на девојката од спотот „Една фотографија дневно во најлошата година во животот“, на кој се прикажани 365 фотографии на млада девојка нејзината трансформација поради злоставување кое секојдневно го трпела.

Станува збор за манекената Миа Хујиќ, преведувач од италијански јазик која работела како хостеса и модел во Италија. Таа воедно е и автор на видеото, пишува „Телеграф“. Миа работела и како модел во модната куќа на Ralph Lauren, додека како преведувач соработувала со повеќе филмски куќи.

Кога ја пронашле, Миа била возбудена. „Како воопшто ме најдовте? Простете, не можам ништо да ви кажам, баш ништо. Последниве неколку денови се лудница. Ве молам, сфатете ме, не сакам да давам никакви изјави“, рекла таа.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Иако девојката е пронајдена, сѐ уште не се знае дали се работи за вистинска ситуација или спот за некаква кампања за подигнување на свеста за насилството над жените.

[youtube]http://youtu.be/Ertu9_MhFiM[/youtube]

- Реклама -