Научници од Универзитетот од Единбург откриле нов ген за кој веруваат дека би можел да објасни како луѓето еволуирале.
Ова е значајно откритие – еден вид на генетска врска која означува каде луѓето се одделиле од другите животни. Иако сè уште ќе треба да чекаме истражувачите да го откријат генот кој ќе создаде супер-интелигентни и ќе го надминат човештвото, ова сепак е добар почеток.
Што има кај луѓето што недостасува кај човеколиките мајмуни и другите цицачи? Мал ген познат како miR-941. Што се однесува до гени, ова е еден од најдобрите. Ченовите на тимот од Универзитетот од Единбург веруваат дека miR-941 би можел да биде клучен за развојот на мозокот на модерниот човек и важен чекор на патот кон развивање на човекот.
Ова подразбира развој на способности кои не одделуваат од другите животни, како способноста за носење одлуки, вербална комуникација и способноста за користење на алатки. Се чини дека miR-941 се појавил откако човекот се одделил од човеколиките мајмуни за да ни овозможи предност пред останатите цицачи, пред помеѓу еден и шест милиони години.
Лидерот на студијата од Institute of Genetics and Molecular Medicine при Универзитетот од Единбург, доктор Мартин Тејлор за тајмингот на генот изјавил: Овој нов молекул се појавил од никаде во време кога нашиот вид минувал низ драстични промени: подолг животен век, одење на две нозе, користење алатки и комуникација. Сега се надеваме дека ќе најдеме уште неколку гени заслужни за нашата еволуција.“ [New brain gene born, study shows]