Откриен фосил на диносаурус на британскиот остров Вајт


Комплетирани се фосилните остатоци, пронајдени на англискиот остров Вајт, од тревојаден диносаурус кој шетал по планетата пред 125 милиони години, за кои научниците веруваат дека претставуваат најкомплетниот нов примерок пронајден во Британија во последните 100 години.

Со тежина на голем машки американски бизон, околу 900 килограми, овој тревојаден диносаурус многу веројатно живеел во стадо, вели Џереми Локвуд, докторант на Универзитетот во Портсмут кој учествува во ископувањето.

Диносаурусот, кој има 149 коски, е пронајден на карпите на заливот Комптон, на островот Вајт, во близина на јужниот брег на Англија. Локацијата првично е пронајдена во 2023 година од колекционерот Ник Чејс, кој во меѓувреме починал. Диносаурусот го добил името „Comptonatus chasei“, во чест и спомен на Чејс.

„Ник имаше нос за наоѓање коски од диносаурус. Ова е навистина вредно откритие што ни помага да разбереме повеќе за различните видови диносауруси во Англија во раниот креда“, рече Локвуд, кој штотуку објави труд за ова прашање во научното списание The Journal of Systematic Palaeontology.

На истиот остров во 2022 година се пронајдени остатоци од најголемиот европски месојаден диносаурус, исто така од раниот креда, кој бил долг повеќе од 10 метри и припаѓа на групата диносауруси наречени спиносауруси.

- Реклама -