Откриен е “мозокот” на нападите во Париз

Белгиските власти го идентификувале командантoт на терористичката операција во Париз, соопштува RTL.

Се работи за 27-годишниот Белгиец Абделхамид Абауд, еден од најактивните борци на “Исламска држава” во Сирија.

Абауд живеел во соседството “Моленбек” во Брисел, од каде што доаѓаат и неговите тројца браќа Брахим, Салах и Мохамед Абдесалам, за кои полицијата има податоци за учевство во нападите. Бојното име на Абделхамид Абауд е Абу Омар ал Сусило.

Вчера во “Моленбек” се спроведе полициска акција и се слушаат истрели. Има уапсени, но полицијата се воздржи од информации и ги повика граѓаните да не споделуваат фотографии на социјалните мрежи.

Операцијата се раководи од министерот за внатрешни работи на Белгија Јан Јамбол. Градоначалникот на Брисел Фрaнсоаз Шепманс го опиша соседството како “гнездо на тероризам и криминал”.

aa1

Тој им е добро познат на службите за безбедност, соопштуваат медиумите во Белгија. Абауд е одговорен и за привлекувањето на 13-годишниот брат Јонес во редовите на “Исламска држава” во февруари 2013 година, Малолетниот Јонес Абауд е нарекуван “најмладиот џихадист во Сирија”.

Се проценува дека Абделхамид Абауд се наоѓа во Сирија – тој е снимен на едно од видеата од март 2014 година каде се покажува со насмеано лице, додека вози џип, натоварен со четири трупа на луѓе убиени од терористите на ИСИС.

Абауд имал директна врска со еден од терористите од “Моленбек”. Според списанието “De Standaard” контактот на Абауд бил Брахим Абдесалам, камиказа што умре на булеварот “Волтер” во Париз.

Имињата на Абдесалам и на Абауд се откриваат во мноштво криминални истраги за злосторства од општ карактер, извршени во Брисел меѓу 2010-2011 година.

И двајцата мажи живееле во Моленбек, каде во моментов полицијата врши специјализирана операција за апсење на лица осомничени за учевство кон теророт во Париз.

aa2

Предградието на главниот град на Брисел често е нарекувано “исламистичка цитадела”. Оттаму доаѓа и Мехди Нему, кој е осомничен за убиствата во еврејскиот музеј во Брисел.

Абделхамид Абауд е поврзан уште и со серијата од терористички напади во Белгија во јануари по нападот во “Шарли Ебдо”. Службите сметаат дека токму тој ги давал заповедите и ја финансирал операцијата.

Постои сомнение уште и дека тој му ги давал наредбите на Сид Ахмед Глам кој направи неуспешен обид за атентат во париското предградие Вилжјиф во јануари. На крајот, тој беше фатен откако се самозастрела во ногата.

По разбивањето на џихадистичката ќелија во Белгија, тој успеа да избега и да се сокрие во друга земја – најверојатно Турција или Грција. По нападите од јануари 2015 година на мобилниот телефон на Абделхамид Абауд беше лоцирана Грција.

Само пред неколку месеци тој дал интервју за седмиот број на “Дабик”, списанието на ИСИС.

Во јули 2015 година во отсуство на Абауд судот во Брисел му изрече ефективна пресуда од 20 години затовр поради учеството во нападите.

Во исто време Courrier International успева да се поврзе со неговиот татко, кој објавува дека се срами од однесувањето на својот син Абделхамид.

“Зошто, во името на Бога, би сакал да убива невини Белгијци? Нашето семејство и должи се на оваа држава”, додава тој.

Таткото на Абделхамид емигрирал од Мароко пред 40 години, каде одново започнал да работи во рудник во Белгија. Години подоцна тој се стекнал со продавница за облека, па дури и купил уште еден, за да може Абделхамид да ја менаџира.

“Тој не беше тешко дете, дури стана добар трговец”, раскажува неговиот татко. “Одеднаш, сепак, замина за Сирија. Секој ден се прашувам: што беше причината за да се радикализира до таква степен. Никогаш нема да го дознаам одговорот”, вели таткото.

Темата е особено чувствителна во Белгија, бидејќи со години е јавна тајна дека властите избегнуваат да се мешаат во животот на населбата населена главно со Арапи.

Лажна се покажа информацијата за апсењето на 26-годишниот француски државјанин Салах Абдеслам, баран со меѓународна потерница и осомничен дека го возел автомобилот со кој терористите пристигнале во театарот “Батаклан”. Двајцата негови браќа исто учествувале во нападот – Ибрахим починал на булеварот “Волтер” во француската престолнина, а Мухамед бил заробен од француската полиција.

Се испоставува дека 26-годишниот Салах бил сопрен од страна на полицијата на белгиско-француската граница ноќта на координираните напади во Париз на 13-ти октомври, но бил пуштен, бидејќи во моментот уште се уште не била распишана потерница.

- Реклама -