Откриен до сега непознат дел од човековото тело

По сѐ изгледа, во човековото чолено постои до сега непознат, но многу важен лигамент.
До ова неверојатно откритие дошле двајца ортопедски хирурзи од белгиската универзитетска болница кои откриле дека во коленото постои до сега непознат, но важен лигамент. Ова сврзно ткиво игра клучна улога кај пациенти кои имаат повреда во предниот кружен лигамент. Предниот кружен лигамент се наоѓа во внатрешноста на коленото и спречува одвојување од зглобот, а обезбедува и ротациона стабилност на коленото.
Повредите на тие лигаменти се прилично чести кај спортистите кои играат кошарка, фудбал или скијање. Повредата се случува при удар од страна, во ненадејно запирање или во скок при ротација на горниот дел од телото во однос на потколеницата. Во вакви случаи, лигаментите можат да се истегнат, напукнат или целосно скинат.

Foto: thinkstock

Затоа што кај некои пациенти и покрај успешната операција на лигаментите и рехабилитација и понатаму чуствуваат дека коленото на моменти им попушта, белгиските хирурзи четири години се обидувале да ја најдат причината за овој феномен. Истражувањето го воделе според хипотезата на францускиот хирург, кој уште во 1879 година објавил труд во кој укажува на тоа дека во коленото постојат сеуште неоткриени лигаменти.
На крајот, оваа претпоставка се покажа како вистинита и откриен е лигамент кој е именуван како антеролатерален лигамент (ALL).

- Реклама -