Најатрактивниот пар во светот, Софија Вергара и Џо Манганиело се свршија пред еден месец, а на црвениот килим на доделувањето на SAG наградите зборуваа за плановите поврзани со венчавката.
Згодниот актер беше краток „Ќе се венчаме на есен, со оглед на тоа што летоска ќе бидеме зафатени“.
Неговата свршеница, најплатената телевизиска актерка, откри како се чувствувала кога ја запросил Џо.
„Кога ја отвори кутијата со дијамантскиот прстен, прво го загризав прстенот за да се уверам дека е вистински. Дури потоа можев да кажам „да“, вели Софија која е позната по својот хумор.
Сепак, за да не биде погрешно сфатена таа додаде: „Се шегувам нормално. Џо е толку убав и згоден, што ќе кажев „да“ и доколку дијамантот беше лажен“.