Откорната дрвената ограда на патот кон Средно Водно

Вчера, најверојатно во текот на ноќта, откорната е украсната дрвена ограда поставена покрај патот на Средно Водно, со цел спречување паркирање возила и уништување на зеленилото и шумата.

До неодамна, покрај патот до Средно Водно, граѓаните често ги паркираа своите автомобили.

На ова, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави дека оградата во најкраток рок ќе биде вратена на своето место.

„Некогаш навистина не можам да разберам зошто, кој и што мака има да уништува јавно добро. Тоа се сепак наши, заеднички пари. Оградата на Водно ќе ја поправиме, а за сторителот/ите, убеден сум дека и денеска се исто толку несреќни како што и биле кога ја срушиле“, напиша Шилегов на својот фејсбук-профил.

Е.Д.

- Реклама -