Секој од нас е пред сé човек, а после работник. Барем така треба да биде. Кога другите ќе го подзаборават тоа и се ќе ви дојде преку глава, време е да се ослободите од прангите. Еве едно такво писмо во кое ќе се пронајдат многумина:
„Драг __________
Жалам што мојата маќеа почина така ненадејно од рак. Жалам што не сум робот и емотивно бев погодена од нејзината смрт, па морав да отсуствувам од работа. Жалам што се разболев и морав да отсуствувам од работа за да не ги разболам и другите. Жалам што работам 47.5 часа неделно (без да бидам платена за прекувременото останување на работа, што законски ми следува) во последните 7 месеци, па морав да ги закажам неопходните лекарски прегледи за време на работните часови.
Очигледно јас сум ужасен работник и за тоа се извинувам. Знам дека мразиш луѓето да ти кажуваат како да си ја работиш работата, но ти советувам да почнеш да ми бараш замена. Веднаш.
Искрено, __________“