Откажан пречекот на француските ѕвезди во Париз

Во Париз требаше да бидат пречекани француските фудбалери кои го освоија сребрениот медал на Светското првенство (СП) во Катар, откако загубија во финалето од Аргентина на пенали.

Првиот човек на фудбалскиот сојуз на Франција соопшти дека пречекот е откажан затоа што француските ѕвезди сакале да си заминат дома.

Иако се најавуваше кратка церемонија, сепак поради поразот фудбалерите не сакаат да се сретнат со навивачите, зашто се разочарани од резултатот на Мундијалот во Катар.

Французите беа големи фаворити за одбрана на титулата, меѓутоа во финалето немаа решение за Лионел Меси и неговите сонародници.

- Реклама -